Работнички подобар од МЗТ Скопје во првото вечно дерби од новата сезона
- Кошаркарите на Работнички славеа победа над МЗТ Скопје Аеродром вечерва во „Градски парк“ со 94:90.
Скопје, 1 ноември 2020 (МИА) – Кошаркарите на Работнички славеа победа над МЗТ Скопје Аеродром вечерва во „Градски парк“ со 94:90.
Во меч неизвесен до самиот крај, Американецот во МЗТ, Гочер промаши две слободни фрлања на седум секунди пред крајот при водство на домашинот со 91:90.
Питс со 29 и Балмазовиќ со 19 поени беа најзаслужните за триумфот на Работнички, Олуџоби со 19 и Магдевски со 17 поени беа најефикасни во гостинскиот тим.
На првиот денешен дуел од 1.коло МЗТ Скопје Уни Банка на домашен терен загуби од Еуро Никел со 75:79.
Вчера: ТФТ – Куманово 82:83 и Академија ФМП – Гостивар 84:75.
Одложени се натпреварите: Вардар – Црн Дрим и Кожув – Пелистер. зс/