• четврток, 04 декември 2025

Работнички елиминиран во младинската Лига на шампиони

Работнички елиминиран во младинската Лига на шампиони

 

Скопје, 1 октомври 2025 (МИА) – Македонскиот првак Работнички загуби вечерва во Скопје од ирски Шелбурн со 7-1 и со вкупен резултат од 12-1 претрпе елиминација во воведното коло во младинската Лига на шампиони.

По високиот пораз минатата недела во Даблин од 5-0, младинците на Работнички уште поубедливо беа поразени на реваншот на теренот на ФФМ тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Ирскиот шампион доминираше од самиот почеток и со головите на Сами (5, 39, 80), Бејли (49, 78), Вуна (53) и Мекарти (59) го завери пласманот во второто квалификациско коло во кое за противник ќе го има словачкиот првак Жилина.

Почесниот гол за Работнички го постигна Бошнаков во 44 мин та.

Со оваа елиминација Работнички ја продолжи негативната серија на македонските претставници кои сè уште немаат победа во младинската Лига на шампиони.ег

ФОТО: МИА

Остани поврзан