• петок, 22 ноември 2024

Работниците на „Еуроникел индустри" бараат побрзо да се најде инвеститор и сите да останат на работа

Работниците на „Еуроникел индустри

Кавадарци, 3 јануари 2024 (МИА) - Работниците на „Еуроникел индустри" не прифаќаат само стотина да ја одржуваат печката на фабриката, како што предложила банката доверител и нов сопственик на комбинатот и бараат побрзо да се најде инвеститор и сите да останат на работа, изјави денеска претседателот на Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство, Игор Герасов, за МИА, повторувајќи ја неизвесноста за околу 800 работници и многу други соработници на компанијата. 

- Нашиот став е веќе познат, што побрзо да се најде инвеститор, за фабриката да може да продолжи да работи. Банката доверител ја активираше хипотекарната гаранција, сега таа е сопственик на комбинатот. Странските газди веќе не раководат со фабриката, работниците се оставени сами на себе. Предлог на банката беше да останат сто луѓе на работа да ја одржуваат печката за просечни плати, додека да се најде инвеститор, појасни Герасов. 

Тој нагласи дека сите работници апелираат до банката, да се изнајде решение и побрзо да дојде инвеститор. 

- Како што сум информиран од банката, во финални разговори се со некој инвеститор и се надеваат на потпишување на договор, што е можно побрзо. За да може компанијата да продолжи со работа, нагласи Герасов.  

Тој  додаде дека работниците немаат земено три плати. 

Во изминатиот период, вработените во поранешно „Фени" неколку пати протестираа барајќи фабриката да се врати во живот, нагласувајќи дека со децении таа беше гигант и важен субјект за тиквешката и македонската економија. свд/цр


Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан