• понеделник, 23 декември 2024

Работник повреден при инцидент во „Макстил“

Работник повреден при инцидент во „Макстил“
Скопје, 12 септември 2021 (МИА) - Во текот на редовното работење во трета смена во погонот Челичарница на „Макстил“ АД е настанат инцидент при што е повреден еден вработен, информира денеска компанијата. - На вработениот веднаш му е пружена прва помош и истиот е пренесен во Ургентниот центар на Универзитетската клиника за понатамошен третман. Истиот е вон животна опасност, се наведува во соопштението. „Макстил“ информнира дека случајот е пријавен во надлежните институции, чии екипи излегле веднаш на самото место на настанот. - „Макстил“ АД по итна постапка формираше комисија за детална интерна истрага за утврдување на околностите под кои настанал инцидентот и повредата, како и за одговорноста за истите. Јавноста ќе биде навремено информирана со повеќе информации и детали во моментот кога тие ќе бидат достапни, се додава во соопштението. сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан