Работна средба на потпретседателот на Собранието Исмаили со кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо
- Потпретседателот на Собранието, Хусни Исмаили денеска оствари работна средба со кинескиот амбасадор Џанг Syo.
Скопје, 21 март 2023 (МИА) - Потпретседателот на Собранието, Хусни Исмаили денеска оствари работна средба со кинескиот амбасадор Џанг Syo.
На состанокот, како што информираат од собраниската прес-служба, беше разгаварано за одличните билетарните односи помеѓу двете земји во минатото, како и за продлабочување на истите односи во иднина.
- На средбата се разговараше за проширување на интерпарламентарната соработка меѓу двете земји, како и за соработката во другите области од заеднички интерес, како во областа на културата, економијата и др, се наведува во соопштението.
Потпретседателот на Собранието Исмаили му се заблагодари на кинескиот амбасадор за посетата, потенцирајќи дека ваквите средби треба да продолжат и во иднина. дма/сп/