Работна средба на министерот Спасовски со британската амбасадорка Галовеј
- Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј на која и завршува работниот мандат во земјава.

Скопје, 2 јуни 2022 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј на која и завршува работниот мандат во земјава.
Како што соопшти МВР, на средбата министерот Спасовски и се заблагодари на амбасадорката Галовеј за нејзината поддршка и соработката на Амбасадата на Обединетото Кралство во земјава со Министерството за внатрешни работи и изрази уверување дека истата ќе продолжи да се развива во континуитет и со новоименуваниот амбасадор.
Во оваа прилика министерот Спасовски и врачи плакета и Монографија од МВР на амбасадорката Галовеј во знак на благодарност за успешната соработка и модернизирање на капацитетите на МВР на Република Северна Македонија. дма/сп/