• понеделник, 30 декември 2024

Работна средба на Комисијата за одбрана и безбедност со здружението „Клуб на генерали“

Работна средба на Комисијата за одбрана и безбедност со здружението „Клуб на генерали“

9 октомври 2024

Членовите на собраниската Комисија за одбрана и безбедност остварија работна средба со „Клубот на генерали“, невладино и непрофитно здружение кое моментно обединува 35 активни и пензионирани генерали на Армијата на Република Северна.

Претседателот  на Комисијата, Павле Арсоски, појасни дека средбата е по барање на Здружението и дека е од информативен карактер. Целта е пратениците кои членуваат во ова работно тело да се запознаат со работата на „Клубот на генерали“, кој е формиран во 2012 година и  организира многу активности, о насока на напорите за афирмирање и унапредување на потецијалите на Армијата и на одбранбениот систем. 

Претседателот на Здружението, генерал Орце Јордев, информираше дека „Клубот на генерали“ членува во Асоцијацијата на здруженија од областа нс одбраната и дека остварува соработка со слични здруженија од регионот, како и во рамки на ЕУ и на НАТО. 

Здружението има издадено монографија за воените генерали од земјава (1943-1917), која се планира да биде ажурирана во наредниот период.  Исто така, одбележува значајни годишнини од историјата и организира  трибини на актуелни безбедносни и одбранбени прашања. 

Во минатите години, како што беше речено, акцентот беше на афирмација на стратешката цел на земјава за  влез во НАТО. Додека, пак, по остварувањето на оваа цел, во фокусот е процесот на целосна интеграција, приспособување и трансформација на одбраната и армијата на капацитетите на Алијансата. 

Како претставници на Здружението „Клуб на генерали“, на средбата присуствуваа и пензионираните генерали Горанчо Котески и Здравко Поповски. 

Собрание на РСМ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан