• недела, 19 јануари 2025

Работна средба на државниот секретар Петрушевски со претставници Македонскиот полициски синдикат

Работна средба на државниот секретар Петрушевски со претставници Македонскиот полициски синдикат

Скопје, 20 декември 2024 (МИА) - Државниот секретар на МВР Сашо Петрушевски денеска оствари средба со претставници на Македонскиот полициски синдикат, на која разговараа за клучните прашања поврзани со подобрувањето на правата, условите за работа и стандардот на сите вработени во Министерството за внатрешни работи.

На средбата, како што соопшти МВР, државниот секретар потенцирал дека МПС има значајна улога во застапувањето на интересите на вработените во МВР и дека Министерството останува целосно посветено на унапредувањето на соработката со синдикатите за реализација на заедничките цели.

-На состанокот беше заклучено дека МВР во соработка со МПС и другите синдикални организации ќе продолжи да работи на изнаоѓање на соодветни законски решенија, се со цел овозможување поголема заштита на правата, дополнителна мотивација и подобрување на работните услови за сите вработени во полицијата, се наведува во соопштението. дма/са/

Фото: МВР

Остани поврзан