• петок, 10 јануари 2025

Работна средба на вицепремиерот Николовски со амбасадорот на Австрија, Мартин Памер

Работна средба на вицепремиерот Николовски со амбасадорот на Австрија, Мартин Памер

Скопје, 9 јануари 2025 (МИА) - Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска остварил работна средба со амбасадорот на Австрија во Македонија, Мартин Памер на која се потврдиле добрите билатерални врски меѓу двете земји, со посебен акцент на развивање на економските односи.

Како што соопштија од Министерството за транспорт, вицепремиерот Николоски ги презентирал условите за инвестирање во земјава, а се разговарало и за повикот за нови авиолинии што го објави Министерството и за можноста за дополнително поврзување меѓу двете земји.

На средбата Николоски ги презентирал и плановите за реализација на крупни капитални проекти во делот на патната и железничката инфраструктура, при што ја искористил можноста да ги повика сите квалификувани компании да учествуваат на јавните повици. 

- Остварив одлична средба со амбасадорот Памер. Ги презентирав нашите инвестициони планови за развој на инфраструктурата на коридорите 8 и 10. Имаме одлични односи со Австрија и во духот на тие односи соработката меѓу двете земји продолжува, истакнал по средбата вицепремиерот и министер за транспорт Николоски. цр/ев/

Фото: Министерство за транспорт

Остани поврзан