• среда, 04 март 2026

Работилници за ученици од основни училишта „Преку драма до здрави животни навики“

Работилници за ученици од основни училишта „Преку драма до здрави животни навики“
Скопје, 5 ноември 2020 (МИА) - Театарот „Боеми“ од Скопје во изминатите две недели го реализираше проектот „Преку драма до здрави животни навики“. Во рамките на овој проект беа реализирани работилници во основните училишта во Град Скопје, за ученици од трето одделение под раководство на д-р Нелко Нелковски, режисер и театролог. - Во рамките на секоја од работилниците беа опфатени соджини поврзани со театарот, драмата и филмот, презентација на сегментите од кои тие се изградени, презентација на трагедијата и комедијата како драмски форми, презентација на маските од античко време до денес а беше презентиран и куклениот театар како модел. Сите театарски сегменти беа поврзани и искористени за презентирање на здравите животни навики, информираат од Театар „Боеми“. Оттаму посочуваат дека во вториот дел на секоја од работилниците, учениците изведуваа вежби за физичка имитација на животни, импровизација, како и анимирање на кукли што заврши со презентација на кратко куклено дејство од страна на секој ученик. Наставниците добија упатство за искористување на стекнатото знаење во текот на вкупната настава, а секој учесник доби сертификат за учество. Проектот е поддржан од Град Скопје, во рамки на годишната програма за млади и спорт за 2020 година. фф/сп/

Остани поврзан