Работилница „Сликаме и сонуваме во боја" во НУ Центар за култура Крива Паланка
- До креации инспирирани од книгите, од пролетта и фантазијата на учениците, денеска во просториите на библиотеката во Националната установа Центар за култура Крива Паланка се одржа креативна работилница „Сликаме и сонуваме во боја".

Крива Паланка, 11 април 2025 (МИА) - До креации инспирирани од книгите, од пролетта и фантазијата на учениците, денеска во просториите на библиотеката во Националната установа Центар за култура Крива Паланка се одржа креативна работилница „Сликаме и сонуваме во боја".
Дечиња од нижите одделенија, млади креативни таленти од основните училишта во градот работеа под менторство на ликовниот педагог Лазо Ѓоргиевски во ООУ „Св.Јоаким Крчовски".
- Во рамките на програмските активности на библиотеката се одржа креативна работилница, спој на убавото и корисното, со знаење, мотивирање и дружење. Денес видовме шаренило од бои, идеи пренесени на хартија и среќни детски лица. На тој начин помагаме младите под менторство и водство на искусни педагози да се мотивираат и да го остварат својот сон, рече Даниела Петровска, вршител на должноста директор на Националната установа Центар за култура Крива Паланка.
Тој оосочи дека во тек се повеќе активности од проектите на установата поддржани од Министерството за култура од програмата за 2025 година, меѓу кои во рамки на драмската дејност се подготвува современа адаптација на култната книга за деца „Зоки Поки" од Оливера Николова, а за утре е закажана промоција на книгата „Народни песни и обичаи од село Градец, кривопаланечко и околните села“ од авторката Мира Георгиевска, со над 150 песни и обичаи од богатото фолклорно наследство од кривопаланечкиот крај. ид/цр
Фото: НУ Центар за култура Крива Паланка