Дебарско Езеро се попривлечно
- Високите температури условија сезоната на капење и рекреација на Дебарско Езеро да почна порано од вообичаеното. На неколку места долж брегот на езерото секојдневно има посетители, но нивниот број е најголем на градската плажа, кои за време на викендот ги има и повеќе стотици.
Дебар, 24 јуни 2025 (МИА) - Високите температури условија сезоната на капење и рекреација на Дебарско Езеро да почна порано од вообичаеното. На неколку места долж брегот на езерото секојдневно има посетители, но нивниот број е најголем на градската плажа, кои за време на викендот ги има и повеќе стотици.
- Навистина плажата е прекрасна, има лежалки, кафулиња, чисто е, а водата е многу топла што е идеална, посебно за децата. Живееме во Скопје но деновиве сме во Дебар и редовно сме тука, вели Елена мајка на две дечиња.
И анализите на водата потврдуваат дека водата е хемиски и бактериолошки исправна, што е дополнителна причина секој кој ќе дојде да не се двоуми да одмори тука.
На самиот брег на езерото има угостителските објекти- рестораните „Дрилон" и „Перла" каде може да се освежат, но и да вкусат квалитетно подготвена храна.
Веднаш над градската плажа е и хотелот „Леон" каде, покрај сместувањето кое е според сите стандарди, убаво уредениот двор, на гостите прв поглед им е езерската шир. Поради одличните услови тука се бара место повеќе, бидејќи неговите услуги масовно ги користат нашинците, кои доаѓаат во родниот крај, посебно оние од САД. вт/лв/
Фото: МИА