• среда, 19 јуни 2024

Работилница на Јавното обвинителство и Државниот завод за ревизија

Работилница на Јавното обвинителство и Државниот завод за ревизија

Скопје, 4 јуни 2024 (МИА) - Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и Државниот завод за ревизија (ДЗР), со поддршка од Вестминстер фондацијата за демократија, денеска одржале работилница на која биле разгледани досегашните искуства во соработката меѓу двете институции и можностите за нејзино дополнително унапредување.

Во рамки на настанот, како што соопшти Јавното обвинителство, во работни групи се дискутирало за постапките во поединечни предмети во јавните обвинителства оформени по конечните ревизорски извештаи на Државниот завод за ревизија. Притоа, во директна комуникација меѓу надлежните јавни обвинители и овластените ревизори, биле предложени чекори за поблиска координација во постапувањето и обезбедувањето на доказите за евентуална кривична постапка.

Јавното обвинителство и Државниот завод за ревизија имаат потпишано Меморандум за соработка, а двете институции разработиле и упатства за постапување со кои ги усогласиле начините на меѓусебна комуникација и координација. дма/бак/

 

Фото: Јавно обвинителство

Остани поврзан