Работилница за Судскиот совет наменета за примена на упатството за спроведување на постапките за утврдување одговорност на судии
- Работилницата за Судскиот совет на РСМ наменета за примена на упатството за спроведување на постапките за утврдување одговорност на судии ќе се одржи денеска во Велес.
Скопје, 24 февруари 2026 (МИА) - Работилницата за Судскиот совет на РСМ наменета за примена на упатството за спроведување на постапките за утврдување одговорност на судии ќе се одржи денеска во Велес.
Ова упатство било изготвено со стручна помош и поддршка од експерти од Велика Британија и ќе претставува алатка на Судскиот совет во постапките за утврдување одговорност на судии.
Воведни обраќања на настанот ќе имаат амбасадорот на Велика Британија, Метју Лосон, и претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски. сст/лв/
Фото МИА архива