• понеделник, 29 април 2024

Работилница за изучување на ромската традиција и култура во Делчево

Работилница  за изучување на ромската традиција и култура во Делчево

Делчево, 6 април 2024 (МИА) - Во Делчево се одржа работилница на тема „Изучување на ромската традиција и култура“, во рамки на проектот: „Бидете во кругот“ - „BE IN THE CIRCLE“. Учесници се млади лица од 15 до 25 години, кои низ песна и игра се запознаа со фолклорните одбележја, народните носии и традиции на македонската и ромската етничка заедница. 

Ромите и Македонците, како што беше кажано на работилницата, имаат нешто повеќе од своето потекло, затоа што заедно имаат долга историја на заеднички соживот и постоење. Делчево е град на сите граѓани без разлика на нивната национална или верска припадност и според учесниците во проектот треба да се гордее со долгогодишното живеење и негување на овие традиции и фолклорни одбележја, со кои заедно се негуваат благодетите на нашата голема ризница од фолклорни обичаи.

-Работилницата беше едукативна и интерактивна, беше една интегрирана содржина, како еден мултимедијален пристап, со презентации на делови од носии од ромската етничка заедница и од народни носии како и автентични носии за македонскиот етникум, истакна претседателката  Ермина Реџепова од Невладината ТЕРНИПЕ МК Делчево. 

На работилницата присуствуваа и 15 млади лица од партнерската организација на проектот гостите од Пирот, Република Србија.

Културното наследство како што додадоа е главно прашање за секоја етничка група и со полно право, децата треба да го негуваат својот идентитет и преку културата и народните традиции да живеат и развиваат заедништво, љубов, почит преку разни веселби, по разни поводи преку песни и ора, да се почитуваат.

Проектот е финансиран и подржан од „WB Youth Culture Fund“ suooorted by the German Federal Ministry of Foreign Affairs and implemented by RYCO, („Младински културен фонд на ЗБ“поддржан од Германското федерално, министерство за надворешни работи и имплементиран од RYCO). вс/лв/         
фото: МИА

Остани поврзан