• недела, 30 јуни 2024

Работилница за зачувување на местото и просторот на маргинализираната припадност преку културата, наследството и уметноста

Работилница за зачувување на местото и просторот на маргинализираната припадност преку културата, наследството и уметноста
Скопје, 23 март 2022 (МИА) –  „Зачувување на местото и просторот на маргинализиранатаприпадност преку културата, наследството и уметноста“ е насловена онлајн работилницата која ќе се одржува денеска и утре во организација на ХЕРА, Културно наследство без граници од Албанија, Универзитетот Амстердам и Локомотива - Скопје во соработка со Младинскиот културен центар. Претседавачи ќе бидат Ана Жувела, Класке Вос и Билјана Тануровска Ќулавковски. Работилницата ќе ја истражува и анализира улогата што културата, наследството и уметноста можат да ја играат во развојот и зачувувањето на местото и просторот во контексти во кои маргинализираната припадност е под закана. Ќе се фокусира на новите форми на управување поттикнати во областа на културата, наследството и уметноста и ќе покажеме како овие иновативни пристапи обезбедуваат нов простор за маргинализираната припадност во Европа – како во специфичниот контекст на Југоисточна Европа, така и во другите делови на Европа. Посебно внимание ќе се посвети на начините на кои овие иницијативи овозможуваат сместување и изложување на маргинализираните форми на припадност како што се оние поврзани со постсоцијализмот, пост-колонијализмот, малцинствата и миграцијата во европскиот јавен простор.свс/вг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан