• среда, 15 мај 2024

Работилница во Кичево по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик 

Работилница во Кичево по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик 
Кичево, 21 февруари 2022 (МИА) - По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, во малата сала од Центарот за култура во Кичево со почеток во 18 часот, ќе биде организирана работилница  со учениците од основните училишта „Санде Штерјоски“ од Кичево и „Христо Узунов“ од село Другово. -Меѓународниот ден на мајчиниот јазик вечерва ќе биде одбележан со работилница на која ќе земат учество ученици од основните училишта од градот. Мајчиниот јазик е силен инструмент за зачувување и развивање на националниот идентитет на еден народ, за заштита на културните традиции во светот кои ги зацврстуваат разбирањето, толеранцијата и дијалогот меѓу народите, истакна Маја Николоска-Сиљаноска од Центарот за култура. На работилницата ќе земат учество ученици од три основни училишта, од Подрачното училиште „Христо Узунов“ од село Другово ќе учествуваат три ученика предводени од наставничката Сузана Данилоска ,потоа од турските паралелки во ОУ „Санде Штерјоски“ ќе земат учество три ученика од петто одделение предводени од наставничката Ѓулема Емро и на албански јазик ќе земат учество три ученика од шесто и деветто одделение предводени од наставничката Нурие Емрулаи. Претседателката на литературниот клуб„ Китка,“ каде членуваат повеќе од 20 поети од Кичево, Оливера Ширгоска, најави дека Меѓународниот ден на мајчиниот јазик ќе го одбележат со присуство на работилницата што вечерва ќе биде организирана во Центарот за култура.за/вј/

Остани поврзан