• недела, 22 декември 2024

Рабио на лето ќе го напушти Јувентус

Рабио на лето ќе го напушти Јувентус

Торино, 11 април 2024 (МИА) - Јувентус нема да му понуди нов договор на Адриен Рабио, објави „Калчомеркато“. Договорот на играчот истекува на крајот од сезоната.

Така, 29-годишниот играч за врска на крајот од сезоната ќе стане слободен играч. За него се заинтересирани два клуба од Премиер лигата. Станува збор за Манчестер Јунајтед и Њукасл.

Играчот од средниот ред можеше да го напушти Јувентус уште минатата сезона кога му истече договорот, но реши повторно да потпише нов едногодишен договор со истите параметри како и стариот.

Рабио се уште е редовен во француската репрезентација и се чини дека ќе стартува на Европското првенство.

Преговорите за нов договор меѓу мајката на фудбалерот и неговиот агент Вероник Рабио и директорот на Јувентус, Кристијано Џунтоли пропаднаа пред неколку месеци. дс

Фото: Архива

Остани поврзан