• вторник, 25 март 2025

Пјетро Паролин: Убиствата на цивили и хуманитарни работници се дејствија против хуманитарното право

Пјетро Паролин: Убиствата на цивили и хуманитарни работници се дејствија против хуманитарното право

Ватикан, 24 март 2025 (МИА) - Државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин денеска изрази загриженост во име на Светата столица поради „систематското кршење на меѓународното право“, истакнувајќи дека бомбардирањето цивили и убивањето на хуманитарните работници се дејствија против хуманитарното право.

„Многу сме загрижени поради систематското кршење на меѓународното право и продолжувањето на борбите во светот, почнувајќи од оние во последните денови во Појасот Газа“, рече Паролин на маргините на конференцијата „Самит за долговечноста во Ватикан: предизвик на времето“.

Тој потсети на апелот на папата Франциск во молитвата во неделата да „престанат непријателствата“, пишува Ватикан њуз. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан