• сабота, 21 јуни 2025

Пјастри: Одам во Имола со самодоверба и оптимизам

Пјастри: Одам во Имола со самодоверба и оптимизам

Имола, 14 мај 2025 (МИА) - Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, ги сподели своите очекувања пред Големата награда на Емилија-Ромања.

-Се упатувам кон Имола со самодоверба и оптимизам. Патеката што претстои е старомодна со легендарните кривини „Аке Минерали“ и „Пиратела“. Едвај чекам да го тестирам МЦЛ39 на оваа патека. Фокусиран сум на претстојната прва трка од европската рунда во сезоната и подготвен сум да го консолидирам постигнатиот успех, изјави Пјастри за прес-службата на тимот.

Пјастри моментално води во генералниот пласман кај возачите со 131 бод.

Гран при трката во Емилија-Ромања ќе се одржи од 16 до 18 мај и ќе биде првата европска трка во 2025 година. дс

Фото: Архива

Остани поврзан