• четврток, 04 декември 2025

Пјастри најбрз на првиот тренинг во Имола

Пјастри најбрз на првиот тренинг во Имола

 

Имола, 16 мај 2025 (МИА) – Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, беше најбрз на денешниот прв тренинг пред трката во Формула 1 за Големата награда на Емилија Ромања.

Пјастри беше најбрз во Имола со време од 1:16.545 минути, пред неговиот тимски колега Ландо Норис, со заостанување од 0,032 секунди, додека возачот на Вилијамс, Карлос Саинц, беше трет, со заостанување од 0,052 секунди.

Вториот тренинг е на програмата денеска од 17:00 часот. Третата тренинг сесија и квалификациите се в сабота, додека почетокот на трката за Големата награда на Емилија а е закажан за в недела во 15 часот. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан