• недела, 22 декември 2024

Пуштен во употреба полузатворениот Градски пазар во Штип

Пуштен во употреба полузатворениот Градски пазар во Штип

Штип, 7 јуни 2024 (МИА) - Во Штип денеска свечено беше пуштен во употреба полузатворениот Градски пазар. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска истакна дека новиот дел има 100 тезги за продажба на земјоделски производи и ќе овозможи на штипјани посовремени услови за пазарување. Инвестицијата на Општина Штип е околу 12 милиони денари.

-Дополнително се создадени и нови 50 паркинг места, со што ќе се подобри функционалноста на самиот пазар. Станува збор за проект на Општина Штип, којшто практично го оставаме на ЈП „Исар“ да управува со Градскиот пазар. Дванаесет милиони денари е инвестицијата за изградба на овој полузатворен пазар, заедно со паркинзите и асфалтирање на сервисната улица, вели Јорданов.

Директорот на ЈП „Исар“, Кирил Зајков истакна дека денешниот ден е свечен ден за граѓаните на Штип и за комуналното претпријатие, кое стопанисува и со работната единица Градски пазар, бидејќи Штип доби модерен европски пазар.

-Обезбедени се современи услови за пазарење и за граѓаните и за производителите на земјоделски производи и трговците. Ова е капитална инвестиција, а она што го сведочат самите граѓани и пазарџии дека овој начин на пазарување е исклучително добро, бидејќи освен нови тезги има и голем простор по којшто граѓаните слободно можат да се движат, вели Зајков.

Раководителот на Градски пазар, Димче Колев посочи дека со ново изградениот дел Градскиот пазар во моментов има 220 продажни места, со што се задоволуваат потребите на пазаџиите. вдј/дма/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан