Пуштено во употреба првото детско игралиште во Јака во општина Илинден
- Пуштено е во употреба првото детско игралиште во населбата Јака во општина Илинден.

Скопје, 6 мај 2023 (МИА) - Пуштено е во употреба првото детско игралиште во населбата Јака во општина Илинден.
Во рамки на игралиштето поставени се детски реквизити, нишалки и лизгалки, пристапна патека, поставени се клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина.
Како што соопшти Општина Илинден, градоначалникот Александар Георгиевски го посетил детското игралиште и истакнал дека конечно и децата од населбата Јака добија место за игра и забава.
-Најмладите од овој дел на општината имаат ново катче каде можат да го поминуваат слоборното време во игра и забава. Новото детско игралиште претставува континуитет на успешните проекти на општина Илинден, нов уреден простор за рекреација и забава на најмладите во општината, се вели во соопштението. мс/лв/
фото: Општина Илинден