Пуштено во употреба мултуфункционално игралиште и паркинг во Турското маало во Струмица
- На локацијата на некогашната руинирана Маларична болница во Турското маало денеска е пуштено во употреба мултифункционално игралиште и паркинг за потребите на црквата „Свети петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ и Џамијата, објави на неговиот фејсбук профил градоначалникот Костадин Костадинов.

Струмица,11 јули 2025 (МИА) - На локацијата на некогашната руинирана Маларична болница во Турското маало денеска е пуштено во употреба мултифункционално игралиште и паркинг за потребите на црквата „Свети петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ и Џамијата, објави на неговиот фејсбук профил градоначалникот Костадин Костадинов.
Како што се наведува во објавата, овој проект е реализиран на барање на жителите на Турското маало, посебно на младите за да имаат свое катче за спортување и забава и опфаќа површина од 2.800 метри квадратни. Покрај отворениот спортски терени, поставени се и детски реквизити, партерна чешма и метални клупи.
-Реализирано е уште едно мое ветување пред жителите на моето Турско маало! Денеска со срце го пуштивме во употреба новото детско игралиште со спортски терен за фудбал и кошарка, токму она што им го ветив на децата, родителите, бабите и дедовците од ова прекрасно маало, напиша Костадинов.
Изградбата на игралиштето и паркингот чини 6.253.192,00 денари, средства обезбедени од општинскиот буџет. рт/мч/
Фото: Општина Струмица