Пуштено во употреба игралиштето за мал фудбал во Кадино
- Како што информираат од општината, на игралиштето е целосно поставена нова вештачка трева, ново лед осветлување, променета е заштитната ограда, поставени нови голови, клупи, канти за отпадоци и партерно уреден простор.

Скопје, 7 септември 2023 (МИА) - Со одигран спортски натпревар во Кадино вчера беше пуштено во употреба фудбалското игралиште за мал фудбал на кое Општина Илинден изврши комплетна реконструкција.
Како што информираат од општината, на игралиштето е целосно поставена нова вештачка трева, ново лед осветлување, променета е заштитната ограда, поставени нови голови, клупи, канти за отпадоци и партерно уреден простор.
Оттаму дополнуваат дека покрај игралиштето во Кадино, во наредниот период Општината ќе продолжи со изградба на нови и реконструкција на постоечките спортски терени и во останатите населени места, со цел да се добие уреден простор, но и безбеден за рекреација и забава на жителите во Општина Илинден. ар/аа/
ФОТО/Општина Илинден