• сабота, 29 јуни 2024

Путин: При промена на Уставот не треба да се изгуби ништо

Путин: При промена на Уставот не треба да се изгуби ништо
Москва, 13 февруари 2020 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека при промена на Уставот мора да се провери секоја буква и запирка и дека не треба да се изгуби ништо. - Многу е важно да се провери секој збор, секоја запирка, но во исто време да не се дисецира нешто што е создадено со работата на нашиот народ во тековниот Устав. Не треба да се изгуби ништо, туку да се одговори на денешните предизвици, рече Путин на состанокот со работната група за измени на Уставот. Според него, работната група почна со работа веднаш по првиот состанок на 16 јануари. Тој додаде дека бројот на предложени амандмани веќе достигна 500. - Тоа е сериозен предизвик, рече Путин. паг/

Остани поврзан