• четврток, 09 мај 2024

Путин тврди дека Украина има огромни загуби во контраофанзивата

Путин тврди дека Украина има огромни загуби во контраофанзивата

Москва, 13 јуни 2023 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека верува оти Украина изгубила 25 до 30 отсто од воените возила што западните земји му ги испорачуваат на Киев од почетокот на контраофанзивата и дека човечките загуби на Украина се десет пати поголеми од руските.

Тој нагласи дека Русија изгубила 50 свои тенкови во борбите, од кои некои може да се поправат, а Украина загубила повеќе од 160.

Путин потенцира дека Украина е одговорна за минатонеделното пробивање на браната Каховка, за кое рече дека е предизвикано од гранатирање од страна на украинските сили со системите HIMARS од САД. мс/сд/

фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан