• петок, 22 ноември 2024

Путин потпиша указ за воведување доживотна затворска казна за велепредавство

Путин потпиша указ за воведување доживотна затворска казна за велепредавство

Москва, 28 април 2023 (МИА) - Претседателот на Русија, Владимир Путин, потпиша нов пакет измени на Кривичниот законик, со кои се зголемија казните за предавство, велепредавство, тероризам и помагање на меѓународни организации чиј член не е оваа земја.

За велепредавство сега се казнува доживотен затвор, објави денеска независниот руски информативен портал Медуза, со седиште во Рига, пренесе Бета.

Во случај на тероризам, обвинителството ќе може да бара казна затвор до 20 години, а минималната казна за регрутирање соучесници во терористички дела ќе биде седум години затвор.

Во Кривичниот законик е додадено ново кривично дело помагање во работата на меѓународните организации, чиј член не е Русија. Медуза го наведува Меѓународниот кривичен суд, кој Русија не го признава, како пример.

Помагањето за исполнување на одлуките на тие организации ќе се казнува со затвор до пет години. зш/
фото - ЕПА

Остани поврзан