Путин положи заклетва за новиот, петти по ред, претседателски мандат
- „Се колнам дека ќе ги почитувам и штитам правата и слободите на човекот и граѓанинот, дека ќе го почитувам и штитам Уставот, суверенитетот, независноста, безбедноста и интегритетот на владата“, рече Путин.

Москва, 7 мај 2024 (МИА) - На денешната инаугурација во Кремљ, Владимир Путин положи заклетва за новиот, петти по ред, шестгодишен мандат на чело на Русија, јави Бета.
„Се колнам дека ќе ги почитувам и штитам правата и слободите на човекот и граѓанинот, дека ќе го почитувам и штитам Уставот, суверенитетот, независноста, безбедноста и интегритетот на владата“, рече Путин.
Владимир Путин помина речиси четвртина век како руски лидер.сд/
фото:ЕПА