• сабота, 18 мај 2024

Путин: Нема да има нов договор за жито додека Западот не ги исполни барањата

Путин: Нема да има нов договор за жито додека Западот не ги исполни барањата

Сочи, 4 септември 2023 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин денеска по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Сочи изјави дека нема да има нов договор за жито со кој би се регулирал транспортот на жито преку Црното Море додека Западот не ги исполни неговите барања, пренесуваат странските агенции.

Путин исто така рече дека Русија е блиску до финализирање на договорот за обезбедување бесплатно жито за шест африкански земји.

Тој во јули одби да го продолжи договорот за жито, постигнат со посредство на Турција и ОН една година порано, кој се сметаше за важен за глобалните резерви на храна, особено во Африка, Блискиот Исток и Азија. Украина и Русија се главните добавувачи на пченица, јачмен, сончогледово масло и други стоки за земјите во развој. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан