• сабота, 13 декември 2025

Путин: Американските санкции нема значително да влијаат врз руската економија

Путин: Американските санкции нема значително да влијаат врз руската економија

Москва, 23 октомври 2025 (МИА) – Претседателот на Русија, Владимир Путин новите американски санкции ги оцени како непријателски чин, кои не придонесуваат за зајакнување на руско-американските односи.

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе санкции за руските нафтени компании „Лукоил“ и „Роснефт“.

Путин наведе дека поради санкциите ќе има одредени загуби, но оти нема значително да влијаат врз руската економија.

Тој го коментираше и откажувањето на средбата од страна на Трамп, истакнувајќи оти американскиот претседател најверојатно мислел на пролонгирање, а не на целосно откажување.

Путин ги предупреди САД, потенцирајќи дека Русија силно ќе одговори во случај на напад со американски ракети „Томахавк“ врз руска територија.

- Доколку такво оружје се користи за напад врз руска територија, одговорот ќе биде многу силен. Да не кажам зачудувачки. Нека размислат за тоа, истакна Путин. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан