• понеделник, 20 мај 2024

Пукање во Калифорнија, шестмина загинати во центарот на Сакраменто

Пукање во Калифорнија, шестмина загинати во центарот на Сакраменто
Сакраменто, 3 прил 2022 (МИА) - Најмалку шест лица загинаа, а девет се повредени во инцидент со пукање во центарот на Сакраменто, Калифорнија, соопшти полицијата. Полициската управа на Сакраменто соопшти дека пукањето се случило рано утринава. Засега не е познато во каква состојба се повредените. Како што јавуваат медиумите, маж од автомобил отворил оган кон луѓето во близина на ресторанот „Ел Санто“, испукал 50-ина куршуми, а потоа избегал од местото на настанот. Полицијата на Твитер објави дека на местото на несреќата ќе останат голем број полицајци. паг/   https://twitter.com/i/status/1510561763607126021

Остани поврзан