ПСЖ сака да го размени Икарди за Агуеро
- Пари Сен Жермен сака да го размени напаѓачот Мауро Икарди со фудбалерот на Барселона, Серхио Агуеро, пренесува „Ел Национал“.
Париз, 18 октомври 2021 (МИА) - Пари Сен Жермен сака да го размени напаѓачот Мауро Икарди со фудбалерот на Барселона, Серхио Агуеро, пренесува „Ел Национал“.
Според изворот, една од причините за евентуалниот трансфер е желбата на напаѓачот на ПСЖ, Лионел Меси да игра во ист тим со Агуеро.
Оваа сезона, играчот одигра еден натпревар за Барселона и нема постигнато гол.
Икарди учествуваше на 11 средби и постигна три погодоци. зс/