• среда, 15 мај 2024

ПСЖ подготвува голем трансфер

ПСЖ подготвува голем трансфер

Париз, 15 февруари 2024 (МИА) - Пари Сен Жермен (ПСЖ) е блиску до купување на дефанзивецот на Лил, Лени Јоро, пишува новинарот Екрем Конур на социјалната мрежа Х.

Според неговите информации, страните се договорија за условите на договорот. Останува ПСЖ да се договори со Лил за висината на обештетувањето на Јоро.

За потписот на дефанзивецот се борат и Реал Мадрид, Баерн Минхен, Челси и Манчестер Јунајтед.

Во оваа сезона Јоро одигра 27 натпревари за тимот во сите натпреварувања во кои постигна 3 гола. Договорот на 18-годишниот играч со францускиот клуб е до крајот на јуни 2025 година. дс

Фото: Фејсбук/Лил

Остани поврзан