• петок, 05 декември 2025

ПСЖ го позајми Санчез на Панатинаикос

ПСЖ го позајми Санчез на Панатинаикос

 

Атина, 24 август 2025 (МИА) – Актуелниот европски фудбалски шампион ПСЖ го испрати португалскиот напаѓач Ренато Санчез (28) на едногодишна позајмица во грчкиот Панатинаикос.

Ова е трета последователна позајмица за играчот кој се сметаше за голем талент на почетокот на неговата кариера, по Рома во 2023/24 и Бенфика во 2024/25. За време на овие две позајмици, Санчез одигра вкупно 17 натпревари и постигна еден гол.

Санчез беше дел од португалската репрезентација која стана европски шампион во 2016 година и тоа лето се пресели од Бенфика во Баерн, каде остана три сезони. Од 2019 до 2022 година беше во Лил по што се пресели во ПСЖ. ег

Својот последен од 32 настапи за националниот тим го одигра во 2021 година.ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан