• понеделник, 24 јуни 2024

Професионална Велосипедска трка во Oпштина Илинден

Професионална Велосипедска трка во Oпштина Илинден

Скопје, 18 јуни 2023 (МИА) - Општина Илинден, во соработка со Велосипедската федерација денеска организираше велосипедска трка во должина од 100 километри на којашто учествуваа седумдесетина професионални велосипедисти од цела држава во шест категории; У-23, јуниори, жени, кадети, мастерс и елит, информираат од Општина Илинден.

Трката која е влезена во календарот на федерацијата и се бодува за купот на нашата земја беше од кружен карактер, а стартната позиција беше од спортската сала „Гоце Делчев“, се возеше кон општинската зграда, надвозникот во населба Илинден кон Ајватовци, потоа Мршевци, Дељадровци,Текија, Миладиновци, Кадино, Марино и назад кон целта, односно спортската сала ,,Гоце Делчев”.

Од општината информираат дека покрај професионалната трка се одржа и трката за рекреативци, на која со своите велосипеди учествуваа голем број љубители на велосипедизмот, особено млади велосипедисти. Во оваа рекреативна трка учествуваше и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски. сх/вј/

Фото: Општина Илинден

Остани поврзан