• петок, 22 ноември 2024

Против Наваз Шариф поднесени обвиненија за бунт

Против Наваз Шариф поднесени обвиненија за бунт
Исламабад, 5 октомври 2020 (МИА) – Пакистанската полиција денеска поднесе обвиненија за бунт против поранешниот премиер Наваз Шариф и членови на неговата партија неколку дена пред закажаните митинзи на опозицијата со цел уривање на Владата. Полицијата во источниот град Лахоре ги регистрираше обвиненијата против Шариф, неговата ќерка Маријам Наваз и повеќе од 40 други лидери на партијата Пакистанска муслиманска лига Наваз (ПМЛ-Н). - Наваз Шариф, осудено лице, злоупотребува институции и ги провоцира масите да се побунат против армијата и Владата преку неговите говори од Лондон, соопшти полицијата. Шариф исто така е обвинет за заговор против земјата и обид за оцрнување на Пакистан како „лажна држава“. Шариф издржуваше затворска казна под обвинение за корупција, но на 70-годишниот поранешен лидер му беше одобрена кауција врз медицинска основа и минатиот ноември отпатува на итно лекување во Велика Британија. - Обвиненијата за бунт не можат да го запрат движењето на опозицијата за обновување на демократијата во земјата, изјави портпаролот на ПМЛ-Н, Маријум Аурангзеб – кој исто така е обвинет. Пакистанското демократско движење (ПДМ), алијанса на опозициски партии, планира низа митинзи и протести што ќе започнат овој месец, со цел уривање на Владата на премиерот Имран Кан. јт/

Остани поврзан