• сабота, 23 ноември 2024

Противпожарната во Кавадарци со 115 интервенции од први мај досега 

Противпожарната во Кавадарци со 115 интервенции од први мај досега 

Кавадарци, 10 август 2024 (МИА) - Противпожарната во Кавадарци имала 115 интервенции од први мај досега, информираше денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Тој на својот фејсбук-профил напиша дека од вкупниот број на интервенции, 85 биле на отворено и ниту еден пожар не излегол од контрола. 

-Секогаш се интервенира брзо и професионално, со сите ресурси што се имаат на располагање, а подготвените пожарникари секогаш професионално ги извршуваат своите задачи и реагираат брзо и навремено. Превентивно, се вршеше парцелизација на месноста Љубаш и се прават противпожарни пресеки каде што е потребно, напиша тој. 

Дополнително, како што додава, преку постојани физички патроли и комуникација со месното население, секогаш внимателно се следи состојбата во критичните делови каде постои можност од појава на пожари, но и на места што се тешко пристапни, со цел, доколку има потреба, навремено да се интервенира. 

-Преку добрата организација на градоначалникот Митко Јанчев и командирот Чадамов и одличната комуникација со пожарникарите, како и соработката со останатите институции, територијата на Општина Кавадарци е безбедна како превентивно, така и во случај на пожар. Ова нека биде и апел до целото население, сите да бидеме одговорни и внимателни и во наредниот период. За убаво и безбедно Кавадарци, напиша Јанчев. свд/ар/

Фото: Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев 

Остани поврзан