Протече видео со Диди во затворот
- На видеоснимката се гледа како се дружи со другите затвореници во затворската библиотека.
Трентон, 25 ноември 2025 (МИА) - Видео со американскиот рапер Шон „Диди“ Комбс, кој издржува четиригодишна казна во затворот Форт Дикс во Њу Џерси, е објавено во јавноста. На видеоснимката се гледа како се дружи со другите затвореници во затворската библиотека.
Видеото првично го објави американскиот таблоид „Ти-ем-зи“ (TMZ). На снимката, Диди е облечен во затворска униформа, лежерно разговара со другите и ги извршува своите секојдневни обврски.
EXCLUSIVE 🚨 New video shows Diddy wrapping up his work for the evening on Friday at Fort Dix's media library located in the chapel, where he helps gives movies and religious materials to inmates. pic.twitter.com/wPZ53f15Co
— TMZ (@TMZ) November 23, 2025
За потсетување, раперот беше уапсен во септември 2024 година по низа сериозни обвиненија, вклучувајќи рекетирање, трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација и прекршоци поврзани со проституција. Судењето почна во мај оваа година, а во јули Диди беше прогласен за виновен за транспорт на лица со цел проституција, додека беше ослободен од најтешките обвиненија. Во октомври, тој беше осуден на четири години и два месеци затвор и парична казна од 500.000 долари. Казната, исто така, вклучува обврска за учество во програми за ментално здравје и лекување од зависност.
Според западните медиуми, неговата казна подоцна е продолжена за уште еден месец поради кршење на затворските правила. Наводно, тој консумирал домашен алкохол направен од ферментиран шеќер, Фанта и јаболка и водел нелегален телефонски разговор со три лица, само неколку дена пред неговото префрлање во затворот во Њу Џерси. си/ссм/
Фото: МИА архива