• вторник, 18 март 2025

Протестот во Кочани продолжи пред Обвинителството и Основниот суд

Протестот во Кочани продолжи пред Обвинителството и Основниот суд

Кочани, 17 март 2025 (МИА) - Протестот во Кочани попладнево продолжи пред Јавното обвинителство и Основниот суд во Кочани. Граѓаните, меѓу кои и многу млади лица, порачаа дека бараат правда за своите блиски кои ги изгубија во пожарот и виновниците да ги добијат казните што ги заслужуваат.

Претходно, тие пред општинската зграда фрлаа со јајца и бараа да излезе градоначалникот.

Протестот почна од паркот, но продолжи пред општинската зграда со извици „Бараме правда“, „Секој еден, може да е следен“, „Убијци“.... 

Во меѓувреме, група граѓани во Кочани го демолираа кафе барот „Класик“ чиј сопственик е истиот од дискотеката „Пулс“ каде во пожар загинаа 59 лица.   

Një grup i qytetarëve në Koçan e kanë demoluar bar-kafenë

Во пожарот во дискотека во Кочани, според последните официјални информации, загинаа 59 лица, а над 150 се повредени. та/ев/

ФОТО: МИА

Остани поврзан