• петок, 05 декември 2025

Пропадна и 37-от обид за конституирање на Собранието на Косово

Пропадна и 37-от обид за конституирање на Собранието на Косово

Приштина, 25 јуни 2025 (МИА) – Собранието на Косово ни денеска не беше конституирано, бидејќи ниту во 37-от обид предлогот за формирање на изборна комисија за избор на претседател на парламентот не го доби потребниот број гласови.

За формирање на комисијата гласаа 52 пратеници, а немаше воздржани или гласови против, пренесе Бета.

Претседавачот на конститутивната седница, Авни Дехари од движењето Самоопределување, побара од политичките субјекти да предложат по еден претставник за изборната комисија. Меѓутоа, ниту овој пат Демократскиот сојуз на Косово, Демократската партија на Косово, Српската листа и коалицијата Алијанса за иднината на Косово – НИСМА не предложија членови на комисијата, ниту пак учествуваа во гласањето.

Продолжението на конститутивната седница е закажано за петок, 27 јуни, во 11 часот. јт/

Фото: фејсбук профил на Собрание на Косово

 

Остани поврзан