• недела, 22 декември 2024

Пронајден корален гребен, километар долг и неоштетен од глобалното затоплување

Пронајден корален гребен, километар долг и неоштетен од глобалното затоплување

Лос Анџелес, 10 јyни 2024 (МИА) - Истражувачи од холандскиот Кралски институт за морски истражувања (НИОЗ) открија корален гребен долг еден километар, а неоштетен од глобалното затоплување. Истражувачкиот тим го открил гребенот случајно по три недели пловење во јануари, објави денеска „НЛ тајмс“ (NL Times).

Коралот е откриен близу островот Курасао во јужниот дел на Карипското Море во кај северниот брег на Венецуела.

Според Ленарт де Нојер, наодот не бил објавен порано поради стравот дека луѓе ќе отидат таму и ќе предизвикаат оштетување на гребенот. Поради истата причина, Де Нојер претпочита да не каже каде точно се наоѓа коралниот гребен.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан