Пронајден кокаин при претрес во Тетово, приведен 35-годишен тетовец
- Полициски службеници од СВР Тетово вчера во 18.50 часот во Тетово го лишиле од слобода А.Б.(35) од Тетово.

Скопје, 29 ноември 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Тетово вчера во 18.50 часот во Тетово го лишиле од слобода А.Б.(35) од Тетово.
Како што информира МВР денеска, при претрес во неговиот дом и помошните простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кокаин и предмети со остатоци од кокаин.
-А.Б. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопшти Министерството за внатрешни работи. хс/лв/
Фото: МИА архива