• четврток, 26 март 2026

Пронајдено тело по експлозијата во бар во Мадрид

Пронајдено тело по експлозијата во бар во Мадрид

Мадрид, 14 септември 2025 (МИА) – Спасувачките екипи пронајдоа тело на лице кое загина во експлозијата што вчера попладне се случи во бар во Мадрид.

Во несреќата se повредени 25 лица, а според противпожарната служба, најверојатна причина е истекување на гас.

Експлозијата се случи во 15:01 часот во бар на улицата „Мануел Марото“, во квартот Пуенте де Валекас. Локалните власти информираа дека барот бил сместен на приземје од трикатна зграда.

Шефот на пожарникарите Хавиер Ромеро изјави дека од урнатините биле извлечени четири лица и дека експлозијата предизвикала штета и на соседни објекти, меѓу кои кафуле и продавница. ссм/

фото: архива

Остани поврзан