Пронајдено оружје и муниција, приведено едно лице од прилепското село Дебреште
- Полициски службеници од СВР Битола- ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.Р. (41) од Дебреште, откако било пронајдено оружје и муниција при денешниот претрес во неговиот дом, соопшти Министерство

Скопје, 7 септември 2022 (МИА) - Полициски службеници од СВР Битола- ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.Р. (41) од Дебреште, откако било пронајдено оружје и муниција при денешниот претрес во неговиот дом, соопшти Министерството за внатрешни работи.
- Денеска (07.09.2022) во 08.30 часот во с. Дебреште, прилепско, полициски службеници од СВР Битола- ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.Р.(41) од Дебреште. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пет пушки и еден пиштол различен калибар и повеќе парчиња муниција од различен калибар, кои без дозвола ги поседувал, информираат од МВР.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. сх/
Фото: Архива