• петок, 05 декември 2025

Пронајдено безживотно тело во Вардар кај село Уланци

Пронајдено безживотно тело во Вардар кај село Уланци

Велес, 1 декември 2025 (МИА) -  Екипа на Територијалната противпожарна единица  во Велес вчера  извадила безживотно тело од водите на Вардар кај село Уланци во општина Градско, по дојава што ја примиле попладнето, во 14:30 часот.

Трупот е предаден на надлежните служби. 

Информацијата ја потврди Цветанка Богоевска, јавна обвинителка на ОЈО Велес, која што информира  дека биле преземени истражни мерки, меѓу кои и за утврдување на идентитетот на трупот со обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.ад/лв/

фото: МИА архива 

Остани поврзан