• недела, 23 февруари 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Пронајдени 23 миграни од Пакистан во Радовишко

Пронајдени 23 миграни од Пакистан во Радовишко
Скопје, 20 март 2021 (МИА) - Полициски службеници од Полициската станица Радовиш вчера пронашле 23 лица – мигранти од Пакистан, соопшти денеска МВР. - Вчера во 15:30 часот во атарот на село Јаргулица, Радовишко, полициски службеници од Полициската станица Радовиш пронашле 23 лица – мигранти од Пакистан. Мигрантите биле предадени на полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Ново Село за понатамошна постапка, се наведува во ссопштението на Министерството.фф/скс/

Остани поврзан