• понеделник, 20 мај 2024

Пронајдени четири гранати во Охридското Езеро кај Пештани

Пронајдени четири гранати во Охридското Езеро кај Пештани
Охрид, 18 февруари 2022 (МИА) - Четири гранати се пронајдени во Охридското Езеро кај Пештани. Случајот бил пријавен на 15 февруари 2022 година во СВР Охрид. -Од увидот извршен од стручен тим од Дирекцијата за заштита и спасување и полициски екипи, констатирано е дека се работи за две неексплодирани минофрлачки мини калибар 75 милиметри и 2 артилериски гранати калибар 122 милиметри по што се безбедно подигнати за натамошна постапка, соопшти СВР Охрид. аб/мд/

Остани поврзан