• петок, 04 октомври 2024

Пронајдени сите 22 тела од авионската несреќа во Непал

Пронајдени сите 22 тела од авионската несреќа во Непал
Катманду, 31 мај 2022 (МИА) - Последното тело од авионската несреќа во Непал утрово е пронајдено, изјави портпарол на надлежниот орган за цивилно воздухопловство во Непал, Део Чандра Лал Карна. Во авионот што се урна на планинско подрачје во Непал, имаше две лица од Германија, четири од Индија и 16 од Непал. Авионот, произведен во Канада, се урна 15 минути по полетувањето од туристичкиот град Похара во неделата наутро. бд/ми/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан