• петок, 21 март 2025

Пронајдени околу 10.000 парчиња пиротехника на Бит Пазар, лишено од слобода едно лице

Пронајдени околу 10.000 парчиња пиротехника на Бит Пазар, лишено од слобода едно лице

Скопје, 20 март 2025 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје на подрачје на Бит Пазар денеска го лишиле од слобода Б.Д. (53) од Скопје.

При постапување по претходно изготвен план, соопштија денеска од МВР, на импровизирана тезга на Бит Пазар, пронајдени и одземени се околу 10.000 парчиња разновидни пиротехнички средства, наменети за продажба.

По консултација со надлежен јавен обвинител, лицето е задржано за понатамошна постапка и по комплетирање на целокупната документација ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје. цр/лв/

Фото: МВР

Остани поврзан